Вазал

Eдна од административните единици на Мапата на Империјата. Вазалното население не расте, останува константно се додека провинцијата не е припоена. Вазалите само плаќаат данок, извлечен од целото население во нив. Данок се плаќа во злато и влијае на Задоволството по истиот начин како што влијае и на припоените провинции и колонии. За да претворите во вазал потребно е најмалку едно ниво Централизација. За да отстраните вазал треба да го припоите, за тоа е потребно слободно ниво Централизација и максимум Задоволство во соодветниот вазал.

За повеќе информација околу вазалите, кликнете овде.

Вазален данок

Данокот во злато извлечен од вкупното население на вазалот.

Ветеран

Заеднички израз за сите обични членови во вториот и третиот стадиум на лојалност.

Висока даночна стапка

Петто даночно ниво. 4 злато од 100 работници на час. Одзема 50 Задоволство на 24 часа.

Владетел

Сопственикот на одредена Империја, главните територии и колонии.

Војна

168-часовен воен судар помеѓу два сојуза којшто дава воени поени и воени приходи.

За подробна информација околу правилата, условите и целите на војната, кликнете овде.

Војник

Заеднички израз за сите човечки видови воени единици, независно од класата.
Војници во Ера на Освојување: стрелци, копјеносци, мечувалци и коњаница.

Војска на поле

Единици распоредени на поле пред Тврдината.

Водење/објавување војна

Преминување од Неутралност или Непријателство во воен однос.

Воен приход

Се дава во дрво и железо, до 24 часа од крајот на војната, на оние играчи кои се дел од победничкиот сојуз и коишто учествувале во битките. Воениот приход е еднаков на 50% од уништените непријателски војски во златен еквивалент*, во текот на војната. Нема краен рок за земање на приходот од војната, се додека играчот е сѐ уште дел од истиот сојуз.

*Златниот еквивалент на нето економските поени добиени за регрутацијата на тие единици, а не златниот еквивалент на ресурсите, потрошени за нивното регрутирање.

Напомена! Не се пресметува воен приход за уништени тврдини и ограбено население.

Воена Архитектура

Истражување кое влијаее на Тврдини. Го намалува потребното време за изградба на Тврдини со 15% по ниво и го зголемува бројот на гарнизон со 10% од основниот.

Воена градба

Заеднички израз за сите градби коишто влијаат на воениот аспект на Империјата.

Воена единица

Заеднички израз за сите единици, војници и машини коишто учествуваат во битка и може да нанесуваат штети.

Воена Медицина

Истражување кое на владетелот му дава знаење и способност за опоравување на повеќе убиени единици после битката. Го зголемува процентот на опоравени единици после битка за 2% по ниво. Максимален процент на опоравување - 70%.

Воена подготовка

Истражување кое ја зголемува почетната вредност Морал во одбрана и напад, со 1 поен Морал по ниво.

Воена порака

Порака која содржи извештај од битка. Сите извештаи од битка, во одбрана и напад, пристигнуваат во црвен плик и се чуваат во менито Воени, во Пораки.

Воени вештини

Истражување кое на владетелот му дава знаење и способност да извршува неколку истовремени напади и да регрутира неколку групи за обука во истото време. Го зголемува бројот на напади испратени истовремено и бројот на групи за обука регрутирани истовремено, за 1.

Воени коњи

Истражување кое ја зголемува брзината на сите коњанички единици со +3% по ниво.

Воени поени

Ги претставуваат воените достигнувања и способноста за командување на играчот. Воените поени се добиваат само во битки со други активни играчи. Убиена непријателска војска вредна 5000 златен еквивалент е еднаква на 1 воен поен. Уништувањето на различни нивоа на тврдина исто дава одредено количество воени поени, како и ограбеното население, но само во војна и се пресметува само во резултатот од војната.

За повеќе информација околу Воените поени, кликнете овде.

Воено истражување

Заеднички израз за сите истражувања коишто влијаат на воениот аспект на Империјата.

Вредност на сојузот

Моменталната вредност на нето економските поени на сојузот, т.е. златниот еквивалент инвестиран во целата сојузна сопственост: истражувања, градби и трупи /1000.

Втор круг провинции

Ги вклучува провинциите бр. 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13 и ги заокружува провинциите од прв круг. Провинциите бр. 7, 8, 11, 12 се заградени со припојување 4 провинции со коишто граничат, имено - една прв круг, една втор круг и две од трет круг. Специјални карактеристики на провинциите од втор круг се: бонус на капацитетот на фарми, казна бирократија, казна по лимитот на Задоволство на основен лимит 100, минус на дневно задоволство, бонус производство за еден вид ресурси.

За повеќе информација околу вториот круг провинции, кликнете овде.

^