Игнориран корисник

Корисник кој не може да испраќа пораки на играчот кој го игнорирал. Игнорираните корисници може да се видат во Подесувања >> Листа на блокирани.

Игра на среќа

Се наоѓа во Таверната. Во играта на среќа се учествува со талони, купени со злато еднакво на 1-часовно производство на Империјата или со 850 дијаманти. Бројот на купените талони е неограничен. Среќниот добитник, еден за сите светови, се извлекува секој час. Добитникот е награден со злато еднакво на неговото 100-часовно производство. Наградата од Играта на среќа се добива со отварање на ковчегот кој се наоѓа во подменито Додатоци во Премиум менито. Доколку има повеќе од една награда од Играта на Среќа што сѐ уште не сте ја отвориле, можете да отворате по еден ковчег на ден.

Избори

Избор на лидер преку кандидирање и 24-часовен период за гласање со сопствените нето економски поени на членовите. Секој сојузник може да се кандидира до 4 пати.

За повеќе информација околу изборите, кликнете овде.

Извештај

Класифицирана кратка информација.

Видови извештаи кои постојат во Ера на Освојување: Извештај од битка, Шпионски извештај и Економски извештај.

Извештај од битка

Содржи информација за битка. Се состои од анимирана битка каде што можете да ги видите Вашите трупи како се движат, борат, нанесуваат и претрпуваат штети и текстуален дел во којшто се прикажани почетните и крајните војски и вредностите на морал и на двете страни, изгубени нето економски поени, освоени ресурси, чест, воени поени и снабдувачка пратка. Само извештаите од битка постари од 168 часа можат да се споделат со други играчи, кога ќе се појави линк за врска во долниот дел на анимираната битка.

Издржување

Параметар на единиците што ја определува надницата потребна на една единица на час за да присуствува во Империјата/колонијата или за да учествува во мисија. Автоматски се одзема од достапното злато во престолнината. Ако немате злато или ако не е доволно, Вашата војска генерира негативно злато. За гарнизоните во Тврдината не е потребно издржување. Издржувањето на војската што патува е поголемо од нормалното (x1.2 за Империјани, x1.02 за Номади, x1.2 за сојузни трупи), а највисоко издржување е тоа за трупите распоредени во колонија - x1.5.

За повеќе информација околу издржувањето, кликнете овде и овде.

ИМ

Империјална милја - единица за растојание во ИО

Имиграција

Добивање определен број население во времето на миграција.

Одржувањето максимално Задоволство во сите провинции не гарантира 100% шанса за имиграција, а само повисока шанса за помалку изгубено население во случај на емиграција.

Империја

1. Сите поседи на еден владетел, административни единици на Мапата на Империјата и Глобалната Мапа.

2. Кратко име за главната Империја - адрминистративните единици на Мапата на Империјата коишто ги контролира играчот.

Империјален транспорт

Преместување ресурси помеѓу две административни единици на Мапата на Империјата. Империјалниот транспорт функционира само за припоените провинции и престолнини. Се извршува преку Транспортната станица. Количеството на пренесени ресурси зависи од капацитетот на транспортната станица од провинцијата од каде што потекнува. Може да бидат транспортирани само дрво, железо и камен ; златото се складира само во престолнината и не може да биде преместено од таму. Во мирни времиња Империјалниот транспорт е моментален, а кога има напад одзема 20 минути.

Империјален трговец

Пазарна опција којашто дозволува продажба на дрво, железо и камен за злато за провизија од 850 дијаманти. Капацитетот на Империјалниот трговец е глобален коешто значи дека ако имате 10 провинции со по 1 милион капацитет на Пазар за секоја, ќе можете да продадете 10 милион одеднаш од една провинција. Капацитетот на Империјалниот трговец е разделен - ако имате капацитет на Пазар 20 000 и моментално имате активна понуда на Пазарот за 10 000 ресурси, преку Империјалниот трговец ќе може да продадете 20 000, наместо 10 000. Опцијата не е достапна додека Империјата е под непријателски напад.

Империјан

Претставник на Империјанската раса, таа има нагласена економската насоченост. Нивните бонуси предвидуваат посилен економски развој за разлика од воени достигнувања. Почетокот на Империјаните е значително побавен во споредба со Номадскиот поради побавниот прираст на население и огромниот капитал ресурси, вложени во куќи и фарми наместо во други надоградби. Меѓутоа, покасно во ерата, тие брзо го стигнуваат и надминуваат во број на работна сила и со тоа и во производството.

За да научите повеќе за сите специјални карактеристики на Империјаните, кликнете овде.

Инфилтрирање

Шпионите ја поминуваат границата на непријателската Империја и успешно добиваат извештај од шпионажа.

Истражување

Заеднички израз за сите технологии/способности/знаење во Ера на Освојување чијшто полн развој се дели на нивоа. Секое ниво го зголемува ефектот на истражување, тој е глобален. Колку повеќе нивоа има истражувањето, толку се смета за поразвиено. Истражувања се порачуваат или од Универзитетот или од Научната Академија.

^