Надоградување единици

Унапредување на ниските класи единици во повискоки класи од истот тип, ако ги имате потребните нивоа истражувања. Може да надоградите лесни и/или тешки единици во елитни единици од истот вид, во четвртото подмени на секоја касарна. За тоа не е потребно население. Цената на надоградбата е разликата помеѓу вкупната цена на повисоката класа единици и вкупната цена на пониските класи единици. Времето за обука е од повискоата класа единици. Опсадните машини и коњаничките стрелци не може да бидат надоградени. Ако поседувате доволно ресурси и население, може да ги надоградите сите Ваши преостанати слободни групи за обука одеднаш, но сѐ уште ќе бидат во ред за чекање.

Намалување за 10 минути

Копчето Намалување за 10 минути Ви дава возможност да го намалите времетраењето за изградба/истражување на моменталната градба/истражување кое е во тек, за 10 минути на секој час.

Напад

1. Воената интеракција помеѓу два играчи, помеѓу две сојузни војски или помеѓу играч и неговите сопствени независни провинции. Нападот порачан од еден играч и насочен кон друг подразбира водење на три вида битки: Опсада на Тврдина, Битка на поле и Грабеж и е видлив за бранителот веднаш откако ќе биде порачан, во случај кога трае помалку од 60 минути и 60 минути пред судирот, во случај времето на мисијата да е повеќе од час. Нападот порачан од лидерот на сојуз насочен кон друга сојузна војска подразбира спроведување или на Опсада на Тврдина или на Битка на поле и е видлив за сојузот во одбрана веднаш штом е порачан, но само ако играчот се наоѓа во сојузен посед којшто е под напад. Нападот порачан од играч и насочен кон негова независна провинција е разделен помеѓу трите вида во зависност од крајната цел на нападот: напад за припојување, за претворање во вазал и за запленување.

Напомена! Напаѓачот не може да ја повлече војската ако останале помалку од 5 секунди до судирот.

2. Параметар на единиците којшто ја определува силата на штетата нанесена од единицата. Нападот на одреден вид единица се зголемува во согласност со класата лесни, тешки, елитни и е зголемен од нивоата на Напад од далечина,Напад од блиску и Премиум. Единиците со највисоки вредности на напад, независно од класата, се сите опсадни машини.

Напад за запленување ресурси

Ги испраќа трупите да се борат во Опсада на тврдина, битка против ѕидовите на Тврдината и гарнизонот на независната провинција, со цел запленување на достапните ресурси чиешто количество се намалува со секој нареден напад до исцрпување на 10-тиот напад.

Напомена! За да би направиле победнички состав на војската, шпионирајте во независната провинција, пренесете ги податоците во Симулаторот за битка во Тврдината и правете различни симулации, додека на добиете победоносен резултат со најмалку можни загуби.

За повеќе информација околу запленување после успешна Опсада на тврдина, кликнете овде.

Напад за претворање во вазал

Испраќање трупи да се борат во Опсада на тврдина, битка против ѕидовите на Тврдината и гарнизонот на независната провинција, со цел нејзиното население да стане редовен плаќач на данок на Империјата.

Напомена! За да би направиле победнички состав на војската, шпионирајте во независната провинција, пренесете ги податоците во Симулаторот за битка во Тврдината и правете различни симулации, додека на добиете победоносен резултат со најмалку можни загуби.

Напад за припојување

Опција достапна преку клик на соодветната независна провинција преку Мапата на Империјата, само ако има слободно ниво Централизација. Ги испраќа трупите да се борат во Опсада на тврдина, битка против ѕидовите на Тврдината и гарнизонот на независната провинција, со цел освојување на провинцијата и стекнување на сите права над неа.

Напомена! За да би направиле победнички состав на војската, шпионирајте во независната провинција, пренесете ги податоците во Симулаторот за битка во Тврдината и правете различни симулации, додека на добиете победоносен резултат со најмалку можни загуби.

Напад од Блиску

1. Истражување кое го надоградува параметарот на напад со + 5% по ниво на сите единици за блиска борба. Максималното ниво кое се зема во предвид е 30 (вкупна сума на индивидуалните и сојузните нивоа).

2. Борба лице во лице.

Напад од Далечина

Истражување кое го надоградува параметарот на напад со + 5% на Далекустрелните единици (освен на опсадните машини). Максималното ниво кое се зема во предвид е 30 (вкупно од индивидуалните и сојузните нивоа).

Напуштена империја

Империја која му припаѓа на неактивен играч којшто не се пријавил во неговиот профил за период од 168 часа. Напуштените империи се делат на два вида: напуштени империи кои сѐ уште произведуваат ресурси - означени со ковчег полн со злато и неактивни - означени со празен ковчег. Сите напуштени империи кои сѐ уште произведуваат ќе се претворат во неактивни кога ќе поминат 168 часа од почетокот на нивната неактивност. Неактивните напуштени прекинуваат да произведуваат ресурси.
Времето за патување до напуштена империја не може да биде помалку од %1$s минути.
Нема ограничувања во опсегот во нето економски поени за напади по напуштени империи. Сепак, не се добиваат воени поени и/или чест под никакви околности.
Ако Вашиот профил стане напуштена империја, не мислете дека е бесмислено да се вратите покасно. Секој играч којшто се вратил во својата Империја после отсуство од најмалку две седмици ги добива следните великодушни подароци за добредојде, па може лесно да продолжи од каде што запрел:
- сите уништени тврдини се автоматски поправени;
- сите моментални вредности на задоволство се поставени на максимум;
- Империјата е под заштита Добредојдовте назад, коешто значи дека не можете да бидете нападнати, ниту да испраќате напади кон други играчи за 48 часа;
- имате уникатно право, бесплатно да го земете 48-часовното производство на Вашата Империја.

Наредник

Воен чин доделен на играч со 750-1 499 воени поени.

Население

Работната и вооружената сила на Ера на Освојување. Номадите имаат побрз прираст на население, но ограничен број на население. Империјаните немаат ограничувања за бројот, но за нивниот прираст се потребни поголеми инвестиции на време и ресурси.

За повеќе информација околу населението, кликнете овде.

Научна Академија

Симбол на знаење и просветување заедно со Универзитет. Научната Академија е достапна само во престолнината и нејзиното прво ниво може да биде изградено после 25-то ниво на Универзитет. Го намалува времето на истражувања 2 пати по ниво од основното време и 1 ниво на Научна Академија има ефект на 4 нивоа Универзитет на времето за истражување. Истите истражувања порачани од Универзитет можат да бидат порачани и од Научната Академија, но поскапи за 50%, со двојно пократко време за истражување и половина од нето економскте поени за возврат, во однос на потрошените ресурси. Нивото Научна Академија на Офицерот-Научник не влијае врз сојузните истражувања.

Неактивно население

Населението кое не е вработено во рудниците и последователно, ниту произведува ниту плаќа данок.

Невоени единици

Заеднички израз за сите единици кои се регрутирани во касарните, имаат цена за регрутирање, време за обука, издржување на час и брзина и може да бидат уништени од непријателот, но технички не учествуваат во нанесувањето штети во битката, како што нанесуват воените единици. Невоени единици се разузнавање и транспортни единици.

Негативен биланс на злато

Кога трошоците се повеќе од приходот и складираното злато се намалува наместо да се зголемува. Негативен биланс може да се појави во случај на издржување на огромна војска и или плаќање кредит.

Независен Замок

Замок кој не е контролиран од ниту еден сојуз. Независниот замок има тврдина 8, стрелци во гарнизон и војска на поле, видлива во балонче и нема воени истражувања. Нивото на тврдина не паѓа за еден после секој успешен напад, тоа останува 8. Замокот е освоен кога во него се останати помалку од 1000 воени единици. Тврдината во скоро освоениот замок мора да биде изградена од ниво 1.

За повеќе информација околу независните замоци и нивното освојување, кликнете овде.

Независна провинција

Секоја провинција од Мапата на Империјата којашто сѐ уште не е припоена или претворена во вазал. Провинција врз којашто владетелот нема контрола и нема права освен да ја заплени максимум 10 пати. Незвисните провинции се поделени во 3 круга. Секој круг е обележан со специфични модификатори кои влијаат на: ефектот на фарми, ефикасност, производство, основно население, основни градби и Задоволство.

За повеќе информација околу независните провинции, кликнете овде и овде.

Немир

Состојба во припоена провинција, вазал или колонија, предизвикана од незадоволство на населението поради ниска локална вредност на Задоволството. Кога Задоволството ќе падне под 50, постои шанса за немир којашто прогресивно се зголемува за 2% на секој поен Задоволство (пр. на 49 задоволство со 2%, на 48 задоволство со 4% итн.), доведувајќи до прекин на извлекувањето данок додека Задоволството повторно не биде зголемено.

Непријателство

Овој однос дозволува објавување војна без никакви последици по Честа. Непријателството се активира веднаш после објавување.

Нето економски поени

Ја претставуваат моменталната сила на играчот и се пресметуваат според количеството и видот на потрошени ресурси.
1 нето економски поен= 1000 злато / 2000 дрво / 400 железо / 1000 камен.
Нето економските поени за регрутација на војската се пресметуваат по истата формула, но помножени x2.

Нето прираст на население

Вкупната сума од загуби на население и прираст на население. Ако нетниот прираст на население е позитивен, населението продолжува да расте, а ако е негативен, бројот на население започнува прогресивно да опаѓа со секој нареден час, додека нивоата на фармите не ја намалат разликата помеѓу капацитетот на фармите и бројот население.

Неутрална зона

Зона каде што се преклопуваат два опсега на влијание на два сојузни замоци со еднакви нивоа Голем Храм. Вкупниот радиус од неутрална зона е поделен на два еднакви делови и додаден на опсегот на секој од двата сојуза, а сите Империи распоредени во соодветната зона ги губат нивните дневни бонуси приложени на производството, Моралот и Задоволството.

Неутралност

Стандардниот однос помеѓу секој сојуз или односот којшто го добива еден сојуз после укинување на спогодба или добивање на потврда на сопствен предлог за преминување од непријателски кон позитивни односи.

За повеќе информација околу неутралноста, кликнете овде.

Ниска даночна стапка

Третото даночно ниво. 2 злато од 100 работници на час. Одзема 15 Задоволство на 24 часа.

Новости

Моменталните промени, иновации, известувања или извештаи со кои тимот на Империја Онлајн информира сите играчи. Кога има непрочитани новости, светнува иконата за новости на левата страна од менито Профили. Секоја новост може да се означи како прочитана и светлото што сигнализира ќе се изгасне.

Номад

Претставник на Номадската раса, таа е забележително ориентирана кон подобрување на командантските способности, оставајќи ја назад уметноста на централизација. Почетокот кај Номадите е значително побрз, во споредба со Империјанскиот, тоа се должи на побрзиот прираст на население и недостаток на куќи. Меѓутоа, покасно во ерата, може лесно да бидат надминати од Империјаните ако не се обидат да ги стигнат со број на работна сила и производство, преку вложување во повеќе провинции и колонии и повисоки нивоа Бирократија.

За да научите повеќе за сите Номадски специјални карактеристики, кликнете овде.

Нулта трупа

Првата линија пешадиски трупи и/или тарани во Опсада на Тврдина којашто ќе дојде блиску до ѕидовите за да им нанесе штети и да ги уништи. Таа е единствената напаѓачка трупа чиишто животни поени се намалуваат од противничките нивоа ров. Нулта трупите се прилагодуваат на Моралот на првата линија, па ако единиците од првата линија избегаат поради низок морал, нулта трупата запира да нанесува штета, исто така бега и Опсадата на Тврдината завршува неуспешно за тој што напаѓа.

^