Фаланга

- Класа Империјански елитен копјеносец.
- Специјални особини: бонус јуриш x1.2; напад /2 додека е во гарнизон; бонус на количество - бонус х0.5% кон нападот со секои 1000 фаланги во војската; отпорност на јуриш - имунитет на бонусот од јуриш, тоа значи дека го избегнуваат бонус ударот од коњаницата во првата рунда.
- Барања: Централизација [10], Воена подготовка [9], Оклоп [16].

За повеќе информација околу фалангите, кликнете овде или погледнете го описот во играта во Касарните за Пешадија.

Фарми

Градбата која го издржува населението во провинцијата, произведувајќи добра за нормални услови за живот. Недостатокот на нивоата на фарми води до загуби на население на секој час. Секое ниво ги намалува загубите на население ако бројот на населението во провинцијата е повеќе од 10 000 селани поголем од моменталниот капацитет на фармите. Колку е поголема разликата помеѓу бројот на население и капацитетот на фармите, толку поголеми ќе бидат загубите на население. Ефектот на фармите кај Номадите се зголемува за 10% преку активирање премиум.

Напомена! Постојат некои поретки случаи во кои изградбата на следно ниво Фарми реално не ги намалува загубите на население на час. Загубите се поделени во неколку фази, одредени со разликата помеѓу капацитет на фармите и моменталниот број население. За да се премине во следната фаза на помали загуби, понекогаш е потребно повеќе од едно ниво Фарми.

Пример: Ако разликата помеѓу бројот на Ваше население и капацитетот на фармите е 18 000, тогаш Вашите загуби се наоѓаат во втора фаза (од 10 000 до 20 000 помеѓу бројот на население и капацитетот на фармите) каде што губите 10 селани на час. Затоа, изградбата на само едно ниво Фарми не успева доволно да го зголеми капацитетот на фармите за разликата помеѓу бројот на население и капацитетот на фармите да падне под 10 000 и последично и загубите – под 10 на час.

Федерација

Унија помеѓу два сојуза. Сојузи кои имаат потпишано Мировен Договор формираат федерација.

Фестивал

Забава за населението за да би можело провинциите да одржуваат повисоки нивоа Задоволство. Фестивалите, голем и мал, може да се организираат еднаш на 24 часа.

Фестивали со постепен ефект

Активацијата на фестивал, независно дали е голем или мал, со постепен ефект, подразбира дека ефектот на фестивалот влијае на вредноста на Задоволство и се распоредува за 24 часа.

Фиксна провизија

Провизија за објава на понуда, се одзема при објавувањето. Основна фиксна провизија - 10%. Може да се намали ако играчот е Офицер-Финансии.

За повеќе информација околу пазарот и провизиите, кликнете овде.

Формација

Го покажува начинот по којшто војската е распоредена на полето за битка, т.е. процентуалното дистрибуирање на воените единици во бојната зона: Центар, лево Крила, десно Крило и Резерва.

Бидејќи формацијата го контролира распоредувањето на единиците во бојните зони, а нападот и животните поени на секој вид единица се изменети од бојните зони во коишто се распоредени, правилниот избор на формација зависи и од составот на Вашата војска и од формацијата и составот на непријателската војска. Во суштина, најефикасната формација би била онаа што повеќето од Вашите единици ги распоредува во бојните зони коишто ги зголемуваат или барем не доделуваат казни по нивниот напад и животни поени и/или онаа бојна зона којашто им дозволува да се борат дирекно против непријателските единици против кои имаат бонуси или барем не им доделува казни.

Процедурата која мора секогаш да се следи за да се определи најдобрата формација за конкретна битка е симулирање со различни формации и избор на онаа која Ви овозможува истовремено да победите во битката со морал над 50, да изгубите помалку и да предизвикате повеќе штети на непријателот. Имајте на ум дека резултатот од битката може идеално да не се совпаѓа со резултатот од симулацијата, бидејќи никогаш не ги знаете истражувањата и формацијата на противникот, ниту пак дали е Премиум или не.

Формација Јак Центар

Отклучена од прво ниво Тактика.
Предна линија - 10% од војската во Предната линија е на секое Крило, 70% е во Центарот и 10% во Резерва.
Трета линија - Стрелци– 10% од Стрелците се на секое Крило и 80% во Центарот.

Формација Јак Центар со Балансирани Стрелци

Отклучена од четврто ниво Тактика.
Предна линија - 10% од војската во Предната линија е на секое Крило, 70% е во Центарот и 10% во Резерва.
Трета линија - Стрелци– 30% од Стрелците се на секое Крило и 40% во Центарот.

Формација Јак Центар со Крилни Стрелци

Отклучена од трето ниво Тактики.
Предна линија -10% од војската во Предната линија е на секое Крило, 70% е во Центарот и 10% во Резерва.
Трета линија - Стрелци– 40% од Стрелците се на секое Крило и 20% во Центарот.

Формација Јаки Крила

Отклучена од второ ниво Тактика.
Предна линија - 20% од војската во Предната линија е на секое Крило, 50% е во Центарот и 10% во Резерва.
Трета линија - Стрелци– 25% од Стрелците се на секое Крило и 50% во Центарот.

Формација Јаки Крила со Крилни Стрелци

Отклучена од петто ниво Тактики.
Предна линија - 20% од војската во Предната линија е на секое Крило, 50% е во Центарот и 10% во Резерва.
Трета линија - Стрелци– 40% од Стрелците се на секое Крило и 20% во Центарот.

Форум

Официјална платформа од Империја Онлајн наменета за дискусија. Во форумот играчите можат да разговараат преку објавување на пораки во различни теми. Можат да споделат стратегии, решат нејасни работи, да пријават грешки и т.н. За поголемите јазични заедници ИО нуди посебни форуми, независно управувани од страна на еден Community manager и неколку глобални модератори, а за оние со помал број, постојат посебни делови во меѓународниот форум.

^